Совети за убавина од сите делови на светот

Во различни делови на светот жените имаат различни трикови за разубавување и нега.

devojka 1Коса како што имаат Индијките

Во своите ритуали за разубавување внесете ја и масажата на косата како што тоа го прават Индијките. Еднаш неделно нанесете кокосово или бадемово масло, нежно масирајте се и оставете да делува 10 минути, а потоа измијте ја косата. Вашата коса ќе биде посјајна и свиленкаста, благодарение на хранливото масло.

devojka 4

Грчки лек за рацете

Гркинките своите суви раце ги тријат со внатрешноста на лимонот. Расечете го лимонот на половина и со неговата внатрешност истријте ги рацете. Иако, во почетокот може да ве пецка за кратко време вашите раце ќе бидат меки и нахранети.

devojka 3

Французинките ни даваат рецепт за убави нокти

Бадемите и другите видови јаткасто овошје имаат позитивно влијание на ноктите, а се препорачува да јадете и лук и сирење. Тие содржат витамини кои де добри за ноктите, а истите ги јадат сите Французинки.

 

x

Check Also

Дрогериите dm донираа новогодишни пакетчиња за деца од Тетово, Битола и Скопје

Дрогериите dm и годинава традиционално организираа новогодишен караван под мотото „ЗАЕДНО едни ...