Совршен гулаш со колбаси, сланина и компир

Згрејте ја душата во снежните денови со совршен гулаш со колбаси.

Потребни намирици – 100 грама сланина, 1 поголем кромид, 3 чешниња лук, 1 лажичка конценрат од доматно пире, 1 кг компир, 2 пара колбаси, 300 грама шампињони, 1 лажица црвен пипер, 1 кисела павлака, копар, сол, црн пипер по желба.

Подготовка

Исечкајте ја сланината и кратко пропржете ја. Додадете го исечканиот кромид и пржете додека добие златна боја, околу 10 минути. Додадете го ситно исечканиот или пак, истолчен лук, и концентратот од доматно пире и се добро измешајте. Додадете го компирот исечкан на коцки, колбасите исечкани на кругови, шампињоните, црвениот пипер и додадете  вода во која претходно сте раствориле коцка за супа. Повторно добро измешајте. Зачинете со сол и црн пипер по желба. Варете додека компирот стане мек.

Додека јадењето се готви, во посебен сад измешајте го копарот, павлаката и посолете. КОга гулашот ќе биде готов, послужете го ставајќи врз него лажица од зачинетата павлака.

x

Check Also

За појадок или вечера наместо тост – англиски лепчиња, еве како да ги подготвите

Само едно од овие англиски лепчиња ја задоволува калориската вредност предвидена за ...