Совршен план за поинаква свадбена приказна

 

Од неодамна скопската гастрономска мапа се збогати со еден исклучителен ресторан, специјализиран за свадбени прослави. Лоциран во градскиот парк во Скопје, со модерен стилски дизајн и врвна услуга, свадбениот ресторан „Парк“ ги следи светските трендови и како таков, влегува во една модерна категорија на ресторани, која е привлечна за младата популација. Наш соговорник е Ирена Голомеиќ, менаџер и сопственик на ресторанот, која шармантно и брзо не увери дека „Парк“ навистина е совршениот план за една поинаква свадбена приказна.

Ирена Голомеиќ: Младенците не смеат да дозволат нивното единствено и уникатно свадбено искуство да биде попречено или реализирано во стрес

Ирена Голомеиќ: Младенците не смеат да дозволат нивното единствено и уникатно свадбено искуство да биде попречено или реализирано во стрес

По 25- годишно успешно делување во угостителството, влеговте во уште еден деловен предизвик, на задоволство на оние кои ја бараат идеалната локација за прослава. Со каква идеја ја започнавте оваа нова, гастро приказна?

Идејата за започнување на оваа нова, гастро приказна, всушност е реализација на веќе подолго планиран проект кој претставуваше предизвик да се отпочне. После долгогодишното успешно делување на пазарот со рестораните „Рагуза“ и „Рагуза 919“, иницијалната идеја за овој проект беше да се отвори ресторан за свадби на отворено кој ќе биде поинаков од другите, од каде потекнува и слоганот на ресторан „Парк“ – Една Поинаква Свадбена Приказна.

Кои се накусо предностите на ресторанот „Парк“ и зошто да го одбереме токму него за нашата прослава?

Ресторан  „Парк“ во ентериерот, уредувањето и целокупниот визуелен аспект, ги следи светските трендови и како таков, влегува една модерна категорија на ресторани, која е привлечна за младата популација. На сето тоа се надоврзува и неговата совршена локација која го прави уште попривлечен и вреден да го одберете токму него.

restoran 55

Какви се денес свадбените трендови, се обидуваме ли да побегнеме од традиционалните, големи прослави кои патем, бараат и огромна организација, или од на пример, народната музика, од класичните „свадбарски“ менија?

Не би кажала дека младите бегаат од традицијата, забележувам дека се уште се прават свадби во кои традиционалниот момент не е изоставен. Но, од друга страна, забележлива е тенденцијата на зголемена присутност на модерната нота која е детерминирана и наметната од светските трендови.  Умерен сплет од традиционалната и светската култура во моментов е актуелениот пристап во режирање на свадбените церемонии.

Кога сме кај менито, препознатливи сте по вкусната гастро понуда. Кој стои зад изборот на храната и секако, кој е главниот во „кујната“?

Со оглед на тоа дека се работи за семеен бизнис, сите подеднакво учествуваме во креирањето на бизнис-политиката во нашите ресторани. Па, така и за храната, заедно со нашиот тим од професионални готвачи се консултираме, планираме и правиме селективен избор во приготвувањето и послужувањето на храната.

restoran 90

Што вклучува „ Wedding planner“ –от?

Wedding planner-от, кој нашите клиенти го добиваат како подарок при склучување на договор за свадба, е водич за совршено планирање на една свадба. Wedding planner-от содржи повеќе секции кои вклучуваат комплетен водич за планирање, дефинирање на рокови, детализирање на буџетот, па дури и менаџирање на гостинската листа, музиката и декорацијата. Со негова помош процесот на организирање на свадбената церемонија за младенците ќе биде лесно и забавно.

Restoran-Park-2

Restoran-Park-1

Што би им советувале на домаќините на прославите, како да го избегнат стресот кој неминовно доаѓа со ваквите настани?

Обемот на работата при планирањето на свадбата неминовно диктира стрес, но со однапред утврден концепт, правилно распоредување на одговорноста и поделба на задолженијата околу свадбените подготовки, стресот се редуцира. Младенците не смеат да дозволат нивното единствено и уникатно свадбено искуство да биде попречено или реализирано во стрес.

 

 

 

x

Check Also

Skopje Beer Fest 2019: Големи музички имиња, повеќе од 30 концерти за 4 дена на 2 бини

Од 12-ти до 15-ти септември на стадионот на АРМ во Градски парк ...