Совршен појадок: Компири полнети со јајца и пармезан

Го обожаваме компирот на сите начини, а ова е еден од начините на кој, веројатно, не сте го пробале. Превкусен е и лесно се подготвува.

Намирници – 2 големи компири, 4 јајца, 40 грама путер, 100 грама пармезан.

Подготовка

Прво, испечете го компирот во рерна додека да омекне, потоа извадете го од рерната и оставете малку да се излади. Издлабете ја средината за кората да остане компактна. Компирот згмечете го со путерот и изренданиот пармезан, а во смесата додајте и колбасица исечкана на ситни коцки. Така подготвената смеса вратете ја во кошничката од компирова кора, издлабете дупка на средината и додадете по едно сирова јајце. Печете во рерна на 200 степени 10 до 15 минути.

x

Check Also

Пилешко со јогурт и есенски зеленчук, неповторлив вкус!

Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт. Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата ...