Совршен појадок: Печен омлет со тиквички и спанаќ

Овој вкусен и здрав протеински појадок ќе ве држи сити долго во денот. Секако, омлетот со тиквички и спанаќ може да се послужи како додаток на месо за ручек.

Намирници – 4 јајца, 200 мл млеко, 1 тиквичка, 6-8 стебленца спанаќ, 1 чешне лук, сол и бибер по вкус, путер

Подготовка

Вклучете ја рерната на 200 степени. Темелно изматете ги јајцата со млекото, додадете сол и бибер. Тиквичките исечете ги на тенки кришки и малку пропржете ги на путер, а потоа додадете го исечканиот лук и листовите спанаќ. Се заедно пржете уште половина минутка, потоа отстранете го тавчето од рингла.

Врз тиквичките, лукот и спанаќот претурете ги јајцата и печете во рерна 20 до 25 минути.

x

Check Also

Пилешко со јогурт и есенски зеленчук, неповторлив вкус!

Пробајте го овој фантастичен есенски рецепт. Исечкајте го зеленчукот, додадете ги копанчињата ...