Совршена храна за потоплите денови

Баш како и облеката и храната станува полесна во потоплите денови.

salata 345

Иако салата во основа е поздрава опција за оброци, јадењето на една иста салата може да стане многу здодевно. Еве ги и намирниците кои се идеални за потоплите денови. Комбинирајте ги и употребете ја фантазијата, со нив може да направите најразлични видови на салати.

Артичока

Една артичока со просечна големина содржи дури 20% од препорачаната дневна доза на влакна, со само 60 калории. Покрај тоа, одличен извор е на фолна киселина, витамин Ц и магнезиум.

Аспарагус

Калиумот кој аспарагусот го содржи во изобилство го исфрла натриумот од вашето тело, а така ги намалува проблемите со надуеноста. Згора на тоа, аспарагусот е одличен антиоксиданс, богат со витамините А и К, како и со растителни влакна.

salata 123

Тиквички

Тиквичките се богати со магнезиум. Само една тиквичка ги задоволува речиси 20% од препорачаната дневна доза на магнезиум. Токму поради ова својство, тие се одлична храна кои помагаат во борбата против главоболки, несоница и запек.

Авокадо

Авокадото е главен сезонски сојузник за убавина. Одличен извор е на незаситени масти кои се погодни за хидратација на кожата и е полн со антиоксиданси кои ја штитат оштетената кожа и фитостероли кои го намалуваат холестеролот. Ако го комбинирате, со него ќе имате најсовршен прелив за салата.

Анасон

Анасонот е многу здрав за дигестивниот систем, благодарение на влакната, калиумот и витаминот Ц кои ги содржи. Одлично енеговото анти-воспалително својство и ниската калорична вредност која доаѓа со богат вкус.

Сливи

Ова овошје е богато со калиум, витамин Ц, антиоксиданси и растителни влакна. Витаминот Ц го поттикнува варењето, па сокот од слива може да послужи како одличен прелив за салата.

Лубеница

Една од омилените сезонски храни богати со витамин Ц и ликопен, антиоксиданс кој делува за спречување на рак и срцеви заболувања. Покрај тоа, лубеницата е богата со вода која дава чувство на ситост.

Домати

Доматите се богати со ликопен, витамини А и Ц, влакна и калиум. Поради ова треба да бидат на менито колку што е можно повеќе.

Семки од сончоглед

Богати се со антиоксиданси, како што се витамин Е и селен, затоа се многу здрави за тироидната жлезда и функциите на метаболизмот. А покрај тоа, одличен извор се и на минерали.

 

x

Check Also

LIVSANE… За живот полн енергија

LIVSANE ги инспирира посетителите на Водно кон повеќе здравје Здравјето е едно од ...