Совршена лимонада со јаготки за детоксикација и енергија

На пролет, како што се буди нашето тело, се буди и природата нудејќи ни ги најсочните плодови. Оваа сезона е идеална за диети, за ослободување од неколку килограми, а вкусната лимонада со јаготки е богата со витамини и минерали, дава чувство на ситост и е одличен сојузник во слабеењето.

Речиси и не содржи шеќер и калории, вкусна е, мириса прекрасно, ја убива желбата за слатки. Лимонадата со јаготки освежува, дава енергија и чувство на ситост, може да ја замени вечерата или да се конзумира наместо меѓуоброк.

За да ја приготвите потребни се: 600 грама свежи јагоди, 2 лимона,една лажичка мед, 6 филџани вода.

Исчистете ги јагодите, измијте ги и исечете ги на половина. Лимонот излупете го и пресечете го на четвртини. Потоа, јагодите и лимонот ставете ги во блендер. Додајте 2 филџани вода, лажичка мед и се заедно добро измешајте. Пробајте каков вкус има, ако не ви е доволно слатко додадете уште малку мед. На крајот додадете уште 4 филџани вода.

Напивката се пие ладна. Се послужува во стаклена чаша.

x

Check Also

Петочки Midday Madness забава со KiNK од 17 часот во Three Kitchen & Bar

По некое време, повторно журка продуцирана по светски стандарди со врвен артист, ...