Совршена паста со бело месо, тиквички и слатка павлака

 

Италијански рецепт кој не остава никого рамнодушен на фантастичниот вкус.

Потребни состојки – 400 грама тестенини, 500 грама бело месо, 250 мл слатка павлака, 2 тиквички, 3-4 моркови, ситно сечкан лук, малку маслиново масло, морска сол о црн пипер. По желба додадете пармезан и рукола.

Подготовка

Морковот и тиквичките исечкајте ги на коцкички. Во вок или во поголема тава загрејте маслиново масло, па ставете ги морковите да се динстаат на средна температура. Посолете. Пилешкото сварете го, па исечкајте го на мали парчиња. Кога морковот ќе стане мек, додадете ги и тиквичките и се заедно динстајте додека водата испари. Во меѓувреме, ставете ги тестенините да се сварат во солена вода. Додадете го сечканото пилешко во вокот со зеленчукот, па динстајте уште 10-на минути.

На крајот на месото и на зеленчукот додадете го и ситно исечканото лукче. Потоа, додадете ја и слатката павлака, па на самиот крај и сварените тестенини. Убаво измешајте и зачинете со малку вегета и црн пипер.

Послужете го јадењето топло, додавајќи изрендан пармезан и рукола.

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...