Elizabett design studio

До совршена венчаница на вториот „ The Bridal Fashion Night“

Дамите кои се подготвуват да го кажат „судбинското да“  ќе можат да го одберат својот совршен венчален фустан на 29-ти јануари на вториот „The Bridal Fashion Night“  кој ќе се одржи во скопскиот хотел „Александар Палас“  во 20 часот во организација на Моден викенд Скопје.

Marie Antoinette fashion atelier

Marie Antoinette fashion atelier

Вечерта посветена на идните невести ќе се состои од модни дефилеа во најновите колекции на „Lidiya Georgieva&Zili“, „Elisabeth design studio“, „Atelier Maria Antoinette“ , ателје „Ал Апарел“ ,  „Emili exclusive design“ и модната куќа „Менакон“ од Косово .  Покрај венчаници на пистата ќе може да се видат и уникатни вечерни фустани.

Emili exclusive design

Emili exclusive design

AL APAREL

AL APAREL

Menakon Fashion House

Menakon Fashion House

Креациите традиционално ќе ги носат манекенките од  модната агенција „Подиум“, официјален мејкап партнер на настанот е „Gosh“ а за фризурите  ќе се погрижи „Professional  Trend up“ во соработка со  фризерските студија „Кул Кат“ и „Бубе Студио Ин“ .

Амбиентот ќе го декорираат  „Каталеја“ и  „Casamento“.  Комплетно уживање и удобно возење на идните сопружници и овој пат ќе им овозможи „Пежо“ кое е официјално возило на ноќта посветена на венчавката како свечен чин.

Lidiya Georgieva&Zili

Lidiya Georgieva&Zili

Вашето омилено кафе е  секогаш дел од убавите моменти па така „Nescafe Dolce Gusto“  подготви изненадување за  идните невести кои ќе ги следат ревиите до самиот крај. Оние кои сакаат да ги погледнат ревиите ќе треба да се пријават на официјалната Фејсбук страница на Моден викенд Скопје (Fashion Weekend Skopje ), со име презиме, возраст и период на одржување на венчавката.

x

Check Also

Листа на желби: Еспадрили со висока платформа од GUESS

Во летната колекција на GUESS најдовме еспадрили вредни за внимание! Ако сте и ...