Совршени решенија за безбедно патување и комфорен одмор со вашите дечиња

Сезоната на патувања започна, а најважно ни е патувањата да се безбедни. Со нас се и децата, во автомобил и на пат. Па пред да тргнете, погрижете се да им обезбедите сигурен и комфорен превоз до саканата дестинација.

Најновите истражувања за безбедност за најмалите при патувањата покажуваат дека седиштата за во автомобил треба да бидат завртени наназад за деца до 4-годишна возраст. А најдобрите седишта за деца за во автомобил се произведени во Германија од марката CYBEX, со најдобри оцени за безбедност ADAC, според сите европски стандарди за безбедност.

Веројатноста за сериозни повреди при сообраќајна незгода е 7 пати поголема кај децата кои не се во седиште. 83% од децата кои се во седиште се неповредени при судар (извор: German road Safety organization, information sheet #4, May 2009). Седиштата на CYBEX минуваат низ стотици тестови секоја година и во моментов ја имаат водечката позиција за безбедност на децата во автомобилот.

Најмалата количка во светот – совршена за патувања

Најпопуларна количка за летниот период, без разлика дали патувате со авион или пак со автомобил, е најмалата количка во светот наречена Pockit и Pockit plus која ги нуди сите опции и комоција. Количката Pockit е добитник на Гинисов рекорд за најмала количка на склопување. 

Со два едноставни чекори се претвора во ултракомпактен пакет кој тежи само 4,3 килограми. Направена од издржливи материјали, стручно дизајнирани, што ја прави мала но силна. Количката Pockit е наменета за дечиња од 6 месеци до 4 години (односно од 6 до 17 килограми). Достапна е во повеќе бои па можете да одберете по ваш вкус. 

 

Совршенство од бебе-носач

Доколку пак сте повеќе авантуристички или активно расположени за да посетите некоја светска метропола за годишниот одмор или да заминете на одмор на планина каде би пешачеле и уживале во природните убавини, а сепак не би сакале да одземате од комоцијата на вашето најмило, ви го препорачуваме бебе-носачот на  CYBEX –  CYBEX YEMA којшто нуди голема ергономска поддршка на телото на вашето бебенце, држач за глава, ергономска поставеност на количката и анатмоска поддршка при носењето за самиот родител, а сепак е вистински моден додаток кој прекрасно ќе го надополни вашиот моден стил.

 

Седиштата за автомобил, количките и бебе-носачот се достапни во продажба во продавниците КРШ или Онлајн на www.krs.mk. 

За дополнителни информации посетете ја Фејзбук страницата CYBEX Македонија – ТУКА.

 

x

Check Also

На летен шопинг со насмевка во ORIGINAL MARINES, попусти до 60%

Сè е полесно кога ќе го направиме со насмевка, а децата облечени ...