Совршено рижото со тиква

Италијански рецепт кој ќе го повторувате со задоволство….

Намирници – 150 г тиква, 100 г овчо сирење, 1 чешне лук, 200 мл бело вино, 1 лажичка мелен мак, 2 лажици семки од тиква, 4 лажици маслиново масло,300 грама ориз, бујон од зеленчук, сол и црн пипер.

Подготовка – Пропржете го лукот во загреана тава на маслиново масло па додадете го оризот и кратко динстајте додека да добие боја. Полејте се со бело вино, па додадете ја тиквата исечкана на мали коцки.Се добро измешајте и варете се додека не испари виното. Потоа додавајте од бујонот мешајќи додека оризот не се свари. Пред крајот зачинете, додадете ги сирењето и макот па се добро измешајте. Поросете со исечкани семки од тиква и послужете топло.

 

x

Check Also

Израдувајте ги дечињата: Новогодишна торта со скриено слатко богатство

Што најмногу би сакале дечињата за празничните вечери? Се разбира, торта на ...