Специјалитет на денот: Солена торта од моркови

Морковот е еден од најздравите видови на зеленчук, а бидејќи содржи малку калории и многу корисни состојки, често се користи во диеталната исхрана.

Пробајте го специјалитетот Солена торта од моркови кој има незаборавен вкус и прекрасен мирис.

torta 22

Потребни намирници

300 грама брашно, 80 грама пармезан, 40 грама рендан кашкавал, 150 грама моркови, 60 грама црни маслинки без семки, 1 сув квасец, 3 јајца, 1 лажица млеко, 1 кафена лажичка шеќер, семки од тиква, масло, сол, црн пипер.

Подготовка

Морковите излупете ги, измијте ги и изрендајте ги. Брашното измешајте го со квасецот, малку сол, малку шеќер, 40 грама пармезан, и постепено додадете 100 милилитри млака вода. Јајцата изматете ги и додадете ги во тестото. Потоа додадете ги и изренданиот кашкавал, преостанатиот пармезан, маслинките и изренданите моркови. Замесете тесто, формирајте топка, засечете крст на површината и оставете да стасува 1 час на топло место. Преместете го тестото во намрснет калап, покријте го со кујна крпа и оставете го да стасува 1 час на топло. Површината намачкајте ја со жолчка изматена со млеко. Одозгора наросете семки од тиква и печете 1 час на температура од 200 степени.

Тортата послужете ја топла со мезе од кулен, пршута и колбаси.

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...