afiyet olsun!

Специјалитети од кадаиф на типичен турски начин: Кадаиф манти и Кадаиф шницла

Во која и земја да отпатувате, се разбира ќе посакате да ги дегустирате специјалитетите карактеристични за тоа поднебје. Уште подобро ако научите и да ги подготвувате.

Кадаиф шницла

Кадаиф шницла

Кадаиф манти и Кадаиф шницла се типични турски специјалитети, а од неодамна станаа и едни од нашите омилени на балканската гастрономска мапа. Тие се доказ дека кадаифот, кој кај нас е главна состојка за прилично благиот десерт, одлично може да се користи и во јадења кои не се слатки.

Покрај познатите вкусни специјалитети кои можат да се приготват од кадаиф, на пример Кадаиф шкампи или Пржен кадаиф со сирење (кои наскоро ќе ги дегустираме и ќе ви ги пренесеме искуствата и рецептите), одлучивме да почнеме од најпопуларните меѓу солените специјалитети од кадаиф – Кадаиф манти и Кадаиф шницла.

Кадаиф манти

Кадаиф манти

Кадаиф манти

Кадаиф манти, специјалитет кој се служи како главно јадење со мезе, е еден од нашите омилени специјалитети од турската кујна, и ве увреуваме дека секој што ќе го проба ќе побара репете.

Еве го рецетот:

За подготовка на манти

250 грама кадаиф

100 грама мелено говедско месо

1 лажичка зачин (за месо)

Половина лажичка црн пипер

Половина лажичка чили

Половина лажичка ким

1 лажичка сол

1 лажичка мелен двопек

1 лажица магдонос

2 лажици маслиново масло

1 лажица путер

За подготовка на јогуртот

3 чаши јогурт

4 главици лук

За сосот

1 лажица сос од домати

1 лажичка пикантен сос од чили

2 лажици доматно пире

1 лажичка црн пипер

Четвртина китка свежа мајчина душичка

Неколку ливчиња нане

4 лажици маслиново масло

1 лажица путер

Подготовка

Добро измешајте ги состојките за манти (освен кадаифот) и целата смеса добро изгмечете ја и измесете ја додека не стане компактна. Потоа поделете ја смесата правејќи топчиња големи колку ореви. Земете неколку од долгите парчиња кадаиф и завиткајте ги околу топчето месо. Повторете ја постапката неколку пати се додека месото сосема не биде добро завиткано со „лентички“ кадаиф. На ваков начин завиткајте ги со кадаиф сите топчиња месо. Топчињата ставете ги во претходно загреана рерна и печете на температура од 230 степени десет минути.

За подготовка на сосот, на умерена температура загрејте го путерот додека убаво не се растопи во кој ќе ги додадете маслиновото масло, пикантниот сос од чили, сосот од домати и доматното пире, и мешајте. Кога ваквиот сос ќе почне да зоврива, тргнете го садот од ринглата и додадете го црниот пипер и свежите мајчина душичка и нане.

Во еден сад за сервирање наредете ги топчињата месо завиткани со кадаиф и врз нив истурете го прво јогуртот добро помешан со изгмечениот лук, па потоа врз него и сосот.

Кадаиф шницла

Кадаиф шницла

Кадаиф шницла

Жителите на Виена се горди на Виенската шницла, но Турците пак ја имаат нивната позната Кадаиф шницла.

Постојат денес и помодерни начини за подотовка на Кадаиф шницла, со ситни варијации поради дополнителните намирници со кои сакаат да си „ираат“ современите шефови на кујните во познатите ресторани. Сепак, популаната Кадаиф шницла зготвена на традиционален начин не бара посебни вештини во кујната.

Од намирници потребни се

Половина килорам кадаиф

4 парчиња телешки стек

2 јајца

1 чаша брашно (околу 100 грама)

1 лимон

1 лажица црн пипер

Сол

Маслиново масло

Подготовка

Добро премачкајте ги стековите месо (по желба) со сол и црн пипер. Во меѓувреме ставете го во загреана рерна кадаифот и печете го пет минути. Кога ќе стане сув и крцкав, добро изгмечете го.

Во три посебни чинии ставете ги брашното, изматените јајца и испечениот кадаиф. Садовите треба да бидат со големина во која потоа ќе може да ги ставите и стековите. Стековите прво обложете ги убаво и од двете страни со брашно, па натопете ги во изматени јајца и на крај во крцкавиот кадаиф.

Во една тава со големина да собере по две шницли ставете маслиново масло и добро загрејте го. Кога маслото ќе биде врело, ставајте по две парчиња шницла во тавата за пржење. Пржете од едната па од другата страна додека шницлата не добие убава жолто-црвеникава боја.

Пред да послужите секоја шницла ставете ја на салвета од двете страни за маслото да се впие.

Потоа сервирајте ја додека е жешка, декорирајќи со парчиња лимон.

Afiyet olsun!

 

 

 

x

Check Also

Карфиол во сос од кашкавал, превкусно!

Ако го сакате карфиолот, тогаш комбинацијата со растопен кашкавал мора да ја ...