Спектакуларна ревија на Шанел, но без Карл Лагерфелд

Новата колекција на луксузната модна марка Шанел за сезоната пролет/лето 2019, беше презентирана во Grand Palais, повторно со чудесна сценографија која се должи на модниот гениј Карл Лагерфелд. Сепак, славниот дизајнер не се појави на настанот.

На негово место, на крајот од ревијата, пред публиката се поклони неговата соработничка, Вирџинија Виер. За време на долгогодишната кариера во Шанел (од 1983та), ова е првпат Лагерфелд да не присуствува на ревијата која ја осмислил.

Според француските медиуми, неговото отсуство се должело на преголемиот замор за креаторот кој веќе е во години.

x

Check Also

Седа коса: тренд што обедини многу sвезди во движењето „без боја“ – од Енди Мекдауел до Џејн Фонда, Џоди Фостер, Џејми Ли Кертис до…

Кој рече дека седата коса им одговара само на мажите? Од Енди ...