Спектакуларно збогум на Жан Пол Готје, дизајнерот на неконвенционализмот

„Начинот на кој мешам отпечатоци и ткаенини може да изгледа неубедливо, но сакам да биде тоа начин преку кој се дава  живот на новите идеи и новите комбинации “, потенцираше модниот гениј Жан Пол Готје.

Голема забава, супер шарена, малку и темна, но сепак немаше солзи. Обожавателите му рекоа збогум на еден од најголемите модни генијалци Жан-Пол Гаутиер. За разделбената ревија тој ги собра најпознатите моделки на модната писта, семеите, но и своите пријатели и пријателки, а ревијата е невозможно да се заборави.

Антикомформизмот во модниот свет има само едно име – Жан Пол Готје. Во првите години тој се обиде да се етаблира со испраќање на скици до разни стилисти, сè додека не го забележa Пјер Кардин, кој го ангажираше како асистент во 1970 година. Единаесет години подоцна, Жан Пол Готје ја лансираше својата прва колекција, со која го заработи името на „enfant terrible“. Ова е затоа што неговиот стил е непостојан, необичен и неконвенционален: тој е инспириран од уличната мода.

Постојат модни парчиња кои стануваат легендарни, а таков е корсет-градникот кој Готје го дизајнираше за Мадона, во 1990, која таа го носеше за турнејата „Блонд Амбишн’.

Како што беше најавено во последниве денови, по 50-годишна кариера, францускиот дизајнер се збогуваше со модните ревии, со многу очекувана ревија за време на Модната недела во Париз, посветена на високата мода. Забава на модната писта, која завршува со триумф на прегратки, бакнежи, смеа и позитивност, и арома на парфемот „Готје“ (во форма на тела од маж и жена) што ќе продолжи да го произведува и продава.

 

x

Check Also

Адел премногу слаба, но во топ форма (ФОТО)

Пејачката беше забележана на забавата после Оскарите, која беше организирана од нејзината ...