Спектар од венчаници на вториот „ The Bridal Fashion Night“

Вчеравечер во хотелот „Александар Палас“, во организација на   на Моден викенд Скопје, се одржа „ The Bridal Fashion Night“.

Двоецот Лидија Георгиева и Зили (Lidiya Georgieva&Zili) со колекцијата „Шеќерна волна“ (Cotton candy) го отвори второто издание на „The Bridal Fashion Night“. „Шеќерна волна“ е премиерна колекција настаната како производ на ексклузивна соработка меѓу дизајнерката Лидија Георгиева и модниот салон „Зили“. Составена е од рачно изработени коктел и венчални фустани во кроеви инспирирани од романтичната историја на Европа.

lidyageirguevaizili

 

На втората ревија беа презентирани венчаници од „Emili Exclusive Design“ од Струмица за пролет/лето 2015 година.

emilidizajn2

Веднаш по нив „Elizabet design studio“ кое опстои речиси две децении премиерно се представи со колекцијата за пролет /лето 2015 година наречена „Букет со камелии“.

elizabetdizajn 1

Од „Atelier Maria Antoinette“ публиката ја проследи ревијата со креации од колекцијата „Кралица на розите“ за пролет/лето 2015 година.

mariaantoinete2

 

Ателје „Ал Апарел“ ја прикажа колекцијата „Рефлексија“ ( Reflection) низ која се провлекуваат форми и елементи инспирирани од фолклорот преточени во современ, модерен стил.

alaparel1
Вечерта посветена на невестите ја затвори модната куќа „Менакон“ од Косово чии креации се достапни и во Македонија, во бутикот „Adora for You“ во Тетово.

menakon1
На последната ревија „Nescafe Dolce Gusto“ подготви изненадување во вид на подарок- апарат за кафе за една од идните невести во публиката која ќе го фати бидермаерот . Пејачката Тања Царовска која долги години живее и работи во Лондон си замина дома со подарокот.
Креациите ги носеа манекенките од модната агенција „Подиум“ надополнети со накит од „Ристески“ кои со години рачно изработуваат уникатни парчиња од охридски бисери.
Oфицијален мејкап партнер на настанот е „Gosh“ а за фризурите се погрижи „Professional Trend up“ во соработка со фризерските студиа „Кул Кат“ и „Бубе Студио Ин“ .
Амбиентот го декорираа „Каталеја“ и „Casamento“. Фотографиите се на “Ани и Дими“ и Томислав Георгиев (за Лидија Георгиева и Зили).
Комплетно уживање и удобно возење на идните сопружници и овој пат им овозможи „Peugeot“ кое е официјално возило на ноќта посветена на венчавката како свечен чин.

Во продолжение уште неколку фотографии од ревијата.

x

Check Also

& Other Stories со нова колекција инспирирана од Лос Анџелес

Дизајнерите на модната марка  & Other Stories, инспирирани од стилот на Лос Анџелес, ...