Неколку трендови се носечки во женскиот дел од колекцијата на Спрингфилд (Springfield)за есен/зима 2014. Машките модели пак, сезонава се лежерни и секојдневни парчиња со „скини” силуета, особено кај панталоните.
Eсента доаѓа со своите топли тонови кои асоцираат на моменти на удобност и лежерност. Моделите од женската колекција на Спрингфилд (Springfield) го надополнуваат ова чувство на удобност со употребата на природни, земјени бои и многуте модели на топли палта и наметки.
Карираните дезени, типографските елементи и везовите се присутни во комбинација со темно црвена, сина и бела боја, а парчињата се направени од лесни и природни материјали, одлични за стајлинг во повеќе слоеви.
Секогаш во младешки дух и оваа сезона во колекцијата може да се најдат парчиња инспирирани од класичниот изглед на американските универзитети, па така присутни се карираните кошули, џемпери со апликации и неизбежниот џинс.
Како спротивност на ваквата „примерна” линија доаѓаат парчињата со современ гранџ изглед, кадешто доминираат темно зелената и црната и моделите со бунтовен, но женствен изглед.
За подоцнежните месеци од сезоната, Спрингфилд ветува чувство на топлина со плетени парчиња и палта, топли тонови дополнети со текстури, а носат и нишка на романтика во себе.
Машките модели сезонава се лежерни и секојдневни парчиња со „скини” силуета, особено кај панталоните. Црно-белата комбинација и мешањето на модерни со природни материјали, доловува едноставен и современ изглед, зачинет со додатоци како таканаречените „beanie” капчиња.
Најголем дел од колекцијата се базира на релаксиран, урбан стил, удобни линии и ефекти со меки тонови врз материјалите. Боите кои доминираат се сивата (особено кај парчињата од тексас), зелената, белата, црната и бургундско црвената, a најзабележливи модели се бомбер јакните, спортските чевли и „jogger” панталоните.
Парка јакните оваа сезона доаѓаат во пократка верзија, па не само што се топли, туку се исто така практични, а серијата на палта е надополнета и со модели со крзно во свежи бои, како портокаловата.