Spizzicotto блесна во нов модерен дизајн!

Едно од најпопулараните места за брза храна,  инспириранo од италијански рецепти,  во срцето на ГТЦ Скопје, Spizzicotto доби нов модерен изглед.

Изгледот на местото е збогатен со урбани дизајни од дрво кое дава топлина и создава пријатна атмосфера.

Реновирана е фасадата на објектот како и просторот за седење кој e трансформиран во место за уживање. Изведбата на дрвените елементи е направена од страна на Гео-Инг, специјализирано производно претпријатие кое се занимава со обработка на дрво и дрвени конструкции, додека проектот и дизајнот се дело на СКАМ Студио, архитектонско биро од Скопје.

Дрвото дава топлина и претставува материјал кој го збогатува секој простор, а истовремено има и големи функционални вредности, не држи влага, стабилно е како материјал, лесно се одржува, дава одлична акустика. Во дизајнот кој го направивме за Spizzicotto, одлично се вклопи, овозможувајќи целиот простор да има една пријатна, современа бистро атмосфера, во која луѓето кои ќе престојуваат пријатно ќе се чувствуваат”, смета Александра Младеновиќ од СКАМ Студио.

Употребено е масивно суво дрво (елка, смрека), кое е совршено за надворешно обложување, поради природната отпорност на сите временски услови и својот извонредно декоративен изглед,  а е лесно за одржување.

Уреден е и целиот простор околу Spizzicotto. Поставени се дрвени перголи, метални жардиниери со дрвени облоги во кои се насадени декоративни садници кои го разубавуваат целиот простор. Дефинитивно граѓаните, добија место каде можат покрај тоа да купат квалитетни производи, истовремено и да уживаат во уредениот простор.

Квалитетот на дрвото како градежен материјал е неоспорен и доколку дрвото правилно се одржува, има многу долг животен век. Се карактеризира со висока густина, одлични јакосни својства, отпорност на влага, лесно се одржува и има голема стабилност, што е причина во последно време се почесто да се користи во различни фази и сегменти во градежништвото. А токму неговата голема естетска вредност е причина да се користи како дел од фасади, за надворешни дрвени подови, дрвени надстрешници и перголи, дрвени гарнитури во дворот, за ентериери’’ смета Ана Савева проектант од компанијата Гео-Инг, кои работат со германска технологија на обработка на дрво, со модерни компјутерски програми за конструирање на производите. Изработуваат монтажни дрвени објекти, дрвени фасади, перголи, настрешници, огради, дрвени подови, детски игралишта, мебел за во градина и се друго што може да се направи од дрво. http://www.geo-ing.com/.

 

 

 

 

 

x

Check Also

Лоба со нови deep house хитови Feel It и Над небото

Feel It на англиски и Над небото на македонски јазик се новите ...