Според обложувалниците: Мис Филипини, Мис Шпанија и Мис Бразил ќе се натпреваруваат вечерва за круната (ФОТО + ВИДЕО)

Вечерва во 23.30 часот по наше време во Бали ќе се случува финалето на изборот за Мис на светот.

Мис Шпанија

Мис Шпанија

Светските обложувалници се вжештени од типувања според кои најголеми шанси за победа имаат претставничките на Бразил, Филипини и Шпанија.

Мис Бразил

Мис Бразил

Бразилската манекенка 22-годишната Шанклер Франц е искусна во изборите за убавина. До сега има учествуваво на повеќе избори за убавини низ светот, а одлично и оди и манекенската кариера во родната земја. Франц во иднина сака да се посвети на новинарството. Многумина вечерва ќе навиваат за оваа убавица која е фаворит број 1.

mis brazil 1

Медиумите од Азија до сега и дадоа најголема поддршка на Меган Јанг (23) од Филипини. И Меган не е анонимна убавица во својата земја, таа е една од најомилените телевизиски водителки, а веќе се покажа и како талентирана глумица. Доколку победи на изборот на Мис на светот популарноста на оваа мисица се разбира ќе ги надмине границите на Азија.

Мис Филипини

Мис Филипини

mis filipini 2

mis glavna

И 18-годишната Елена Ибарбија од Шпанија според обложувалниците има голема шанса за победа.

mis spanija

mis spanija 2

Меѓу првите десет фаворитки нема ниту една претставничка од поранешните југословенски простори. Македонката се наоѓа некаде на почетокот на втората половина од топ-листата. Високо на листата на фаворитки се убавиците од Франција, Украина, Америка и осбено Индија која е миленичка на Азија.

Мис Индија

Мис Индија

Мис Индија, Невнед Каур Дилон, пред неколку часа ја прими наградата Мултимедиа авард, која се однесува за најдобра презентација на социјалните мрежи и најголема поддршка од фановите. Во моментов Фејсбук страницата на Дилон има над 1. 20 000 активни фанови.

 

x

Check Also

Македонската убавица Елена Анѓеловска – втора на Мис Глоуб

Македонската мисица Елена Анѓеловска беше избрана за втора придружничка на изборот „Мис ...