Справете се со загадувањето: Каква маска за лице да одберете која гарантира максимална заштита

Во сезоната на студените денови, кога загадувањето на воздухот е најголемо, особено во Скопје и другите големи градови, станува неопходно да се обезбедиме со квалитетна маска за лице која ќе ни гарантира макисмална заштита. Најквалитетните, а убаво дизајнирани маски за лице за заштита од загадувањето, ги најдовме во аптеките „Бета Фармација“.

CINQRO RESPRO

Маската Cinqro™ е најнов модел во програмата на Respro®. Наменета е за спортисти во урбани средини, за џогирање во поголемите градови или за мулти-спортски активни корисници, кај кои стапките на дишење обично се повисоки од просекот. Двата нови вентилa Powa™ Elite на маската Cinqro™ овозможуваат побрз проток на воздух кога се работи на зголемени стапки на дишење, односно при интензивно или забрзано дишење. Ова е еднакво на помал притисок, помалку влага во филтерот, подобрена филтрација и пониска отпорност на вдишување, што од своја страна доведува до подобрување на удобноста и перформансите.

Внатре, во секоја кутија Cinqro™се наоѓаат два филтра: оној кој веќе е вграден во маската, филтер за честички Hepa-Type™, а другиот е резервен. Hepa-Type™ филтерот заштитува од фините респирабилни, под-микронски прашини. Другиот филтер, кој е комбиниран (DACC™ + Hepa-Type™) е за примарни загадувачи поврзани со емисиите на издувни гасови на возилото. И двата се заменливи, со што Cinqro™ маската е погодна за употреба во пошироки разновидни средини, и градски и рурални.

RESPRO CITY

Respro City маската, обезбедува заштита од градското загадување и од непријатните мириси и прашина поврзани со загадувањето од издувните гасови на возилата. Има заоблен дизајн обезбедувајќи маската удобно да се прилепи на лицето. Произведена е од хипоалергенски неопрен. Маската е со два неопходни вентила што овозможуваат несаканата топлина, јаглерод диоксид и влага да излегуваат. Со тоа, маската City е корисно средство за заштита додека возите, џогирате или пешачите во урбана средина.

Маските се од врвниот производител RESPRO UK. Сертифицирани се да исполнуваат европски Стандард Р3 и американски стандард N99, а препорачани се и од British Allergy Foundation.

Маските за лице за заштита од загадувањето се достапни во продажба во аптеките Бета Фармација 1 (ул.Иван Милутиновиќ бр.24 Скопје, тел.02-3227-220) и Бета Фармација 2 (ул.Франклин Рузвелт бр.28/1-2 Скопје тел. 02-3256-799).

x

Check Also

Еве зошто се здрави семките од тиква

Иако често ги поврзуваме со грицки за забава во кино, семките од ...