SPRINGFIELD пролет/лето 2019: Фустанчиња за секоја „кежуал“ прилика

Се задржуваме на излогот на SPRINGFIELD, и тоа на новите фустанчиња кои се совршени за секоја неформална прилика.

Годинава, акцентот е на практичните и лесни за носење кошула-фустани кои доминираат во пролетната колекција. Материјалите се пријатни, а принтовите, боите и дизајните ги погодуваат сите вкусови, па не се сомневаме дека секој за себе ќе си најде по нешто.

Цветните принтови остануваат во „игра“, како и ригите, а од нијансите доминираат сината и зелената.

Колекцијата пролет/лето е достапна во продажба во SPRINGFIELD како и во онлајн продажба на официјалната страница на Фешн Груп – ТУКА. 


x

Check Also

Летна чантичка од Mango инспирирана од морето

За сезоната лето 2019, широк избор на трендовски „плетени“ чанти најдовме во Mango, ...