Среќата за хороскопските знаци во 2018 година

Што предвидуваат ѕвездите? И пред сè, кој ќе биде најсреќниот хороскопски знак на оваа година?

Овен – За оние кои се родени под знакот на Овен оваа 2018 година ќе биде година на голем раст. Есента ќе биде извонреден период, а Јупитер ќе поттикне потврдување на големи емоции, секако возвратени. Ова исто така важи и за осамени срца: но, внимавајте да не дозволите потребата за партнер да ве избрза во изборот. Секогаш имајте го на ум мотото: „Јас го избирам затоа што го сакам, не затоа што ми е потребен“.

Бик – За Биковите кои не се во врска или се осамени, оваа година е во знак на нова љубов која ќе прерасне во зрела и целосна. Многумина ќе сфатат дека нивниот однос кон една врска е променет. За некои Бикови ова ќе биде суштинска година за промена на работното место, за некои – дури и на професијата. За Биковите кои се во пар, Јупитер ќе овозможи среќни околности за да се постигне рамнотежа во врската, особено кај оние кои до сега биле затегнати.

Близнаци – Близнаците ќе живеат голема револуција која значи ослободување од „отпадот” наталоженврз нивниот живот во последните страшни две години. Уран ги отстранува стравовите, усложнувањето на работите и пред се, кочниците, па Близнаците кои до сега беа песимисти ќе блеснат со наплив на оптимизам. За многу Близнаци, 2018 година е среќна на професионален план, поволна за инспирации и потези кои покажуваат нови начини кои никогаш порано не биле разгледани. Но, најголемата револуција за Близнаците е дека по неколкугодишни тешкотии и компромиси, тие повторно ја приспособуваат можноста за избор на патот по кој сакаат да чекорат.

Рак – Во 2018 година Ракот ќе го револуционизира својот став кон животот. По неколку години игра во одбрана, тој се враќа во игра во напад со нови цели и пошироки перспективи. Се менуваат пријателствата, соработките се прошируваат, нудејќи низа нови можности за дополнителни работни хонорари. Раковите ќе се ослободат од некои тежини и од некои минати ситуации кои ги претрпеле, но ќе се ослободат и  работите кои повеќе не ги задоволуваат, како и од врските кои преминале во здодевна навика. Притоа, имаат можности за нова среќа.

Лав – Лавовите кои се во врска ќе почувствуваат силна потреба за јасност на работите и за поголема сериозност. Не е чудо многумина Лавови да се одлучат за заеднички живот или за брак. Дури и Лавивите кои се сами ќе донесат одлука и решителност да влезат во нова љубовна приказна. Всушност, клучниот збор за Лавот во 2018 година ќе биде – одлучност. Оваа одлучност е неопходна и за полесно да се поминат можните потешкотии во првите месеци од годината.

Девица – Девицата, која како знак не е предодредена да остане сам/а, сега ќе има сосема нов шарм, ќе биде поотворена и самоуверена. И ќе се чувствува поубаво и попријатно во својата кожа. Многу парови конечно ќе уживаат во еден потивок период и, воопшто, врската ќе биде стабилна и со еден збор – одлична. Всушност, за добар дел од Девиците оваа година ќе биде преодна фаза за влез во радикално подобра, нова етапа од животот. И тоа не е подарок од небото, туку заслужен период претходно „сработен“ со пот и со мудрост.

Вага– 2018 година е година на реконструкција за Вагите. Сега се подготвени за нови средби на кои се бараат луѓе кои навистина одговараат на нивните потреби, но и желба да изградат цврст и траен тотем на љубовта. Оваа година почнаа да се појавуваат и првите опипливи плодови од ланската серија на освојувања. Вагите кои се во врска, ќе инсистираат на промена на навиките, барајќи промени и од самиот партнер. Од прилагладивоста на партнерот зависи дали врските ќе го издржат предизвикот.

Шкорпија– Родените во овој знак конечно ќе најдат баланс, што претставува едно од најскапоцените достигнувања во 2018 година. Со наклонетоста на Јупитер, годината е позитивна сама по себе. Осамените можат да се впуштат во врска без големи очекувања, но да си ги решат проблемите на срцето. За голем дел од Шкорпиите мај е клучниот месец за нова љубов која веројатно ќе дојде одеднаш со застрашувачка енергија.

Стрелец – Добри вести доаѓаат за Стрелците за кои е завршен долгиот период на напорна работа и континуирани испитувања. Сатурн, всушност, непосредно пред доаѓањето на новата година, одлучи да го напушти нивното небо сигурен дека Стрелците ги научија важните лекции. Многу енергија е загарантирана за родените во овој знак, позитивност и желба за успех. Нови перспективи, особено за осамените, ќе се случуваат во сферата на чувствата. Додека во последните години Стрелците се соочуваа со разнишана самодоверба, годинава полека ќе си го вратат својот препознатлив оган. Никој повеќе нема да може да го излаже Стрелецот. Накусо, 2018 е година на нов „рестарт“.

Јарец -По толку многу вложен напор, по долгиот процес на проучување на ситуациите, подготовки, лојалност и посветеност, на Јарецот му следуваат неговите вистински „пет минути“ на проектот на животот. Јарците кои се во врска, може да ја сменат страницата, или да ја затворат „книгата“. И тоа е израз на слобода, да започнат повторно со нов проект на животот за да се ослободат од рутината која ги мачи. Желбата за слободност ќе ја покажат и Јарците кои се сами, пред нив е сезона на флертови, но од новите познанства нема да побараат ништо посериозно. Забавата може да почне, или за многумина Јарци, веќе е започната.

Водолии – Водолиите ќе бидат следени од сопствените стравови, како од духови, за да се простат со тоа што „не го бива“ и да се откажат од лажните емоции за да се препуштат на нови, ама вистински чувства. Затоа,за нив клучен збор за 2018 година е – смелост. Ќе мораат да го отворат прозорецот и да дозволат светлина во „собата“ да влезе, зашто на светлина старите „духови“ ќе се распрснат како меури од сапуница. Па, она што изгледаше комплицирано да се остави, ќе отвори можност за нешто многу убаво. Преземете го тој чекор, одлучно.

Риби – За Рибите некој може да каже дека во потрагата по нешто подобро ги изгубиле годините на животот, некој друг пак, ќе рече дека напротив, во таа потрага ги прошириле погледите, и сега можат да ја сфатат реалноста на аквариумот кој е до половина полн. Но за од сонувачи да станат реалисти, што ќе им се случи оваа година, беа потребни многу претходни чекори, болки и таги, па и грешки, но и фокусирање на желбите и приоритетите. Сега сите тие навидум „изгубени години“ го даваат убавиот резултат – наоѓање на љубовта на животот која бездруго ја заслужуваат.

 

 

x

Check Also

Кое куче е идеално за вас според хороскопскиот знак

Нашиот хороскопски знак зборува многу за нас, нѝго одредува карактерот, вкусовите, што ...