Среќниот добитник е од Велес: Со 80 денари до 15.000 евра од НовоЛото 7/34

55-тото коло во 2017 год. на НовоЛото 7/34 донесе добивка „6+1“ , вредна 925.378,00 денари. Среќниот добитник ги уплатил своите среќни броеви во Велес, во продажното место “Тобако Марко“. Уплатил четири комбинации, а добивката му ја донела третата комбинација од седум броеви.  Извлечени броеви во ова 55-то коло на НовоЛото 7/34 беа : 8,9,10,18,25,26,27 и дополнителниот број 23. Токму овој дополнителен број е бројот кој ја прави разликата помеѓу добивките „шестка“ и „шест плус еден “, а во ова 55-то коло му донесе близу   1.000.000  денари на среќниот добитник од Велес.

Добивката „6+1“ како една од поголемите добивки во НовоЛото 7/34, следува само неколку кола по добиената седумка вредна 6.000.000 денари , која во 48-то коло на НовоЛото 7/34 замина во рацете на брачен пар од Куманово .

Во очекување на добитникот на 6+1 во просториите на Државна лотарија на Македонија ,  ви порачуваме да ги играте вашите среќни НовоЛото броеви , и да ја очекувате најголемата добивка во Македонија , вредна 6.000.000 денари .

 

x

Check Also

E-banking како ново нормално при користење на банкарските услуги

Во последниве две години, како последица од глобалната пандемија, научивме како паметно ...