Среќни намирници: Храна која значително ни го подобрува расположението

Не дека постојат „среќни“ и „несреќни“ намирници, но храната (како и боите на облеката која ја носиме) знаат да влијаат на нашето расположение. Намирниците сојузници на нашето супер-расположение ги проверивме и ние. И сега, искрено ви ги препорачуваме.

1. Сенф

Дури 20 отсто од доброто расположение се должи на сенфот. Ви се чини смешно, нели?  За среќа, постои и едно истражување кое го потврдува тоа. Додуша, тоа вели – дека дури 30 отсто од нашата насмевка и ведрина се должи на сенфот. И таман да почневме да се сомневаме дека во прашање е маркетиншко трикче( во интерес на продажата), одлучивме прво да пробаме, па да кажеме. Резултат? После 10-дневно (активно) конзумирање на оваа намирница, ете расположени сме. И послаби за половина килограм без применување на диета. Е како де? Заменете ги сосовите, мајонезите и другите течни додатоци во оброкот со две-три лажици сенф (инаку, една лажица сенф содржи само 5 калории) и веќе сте на добар пат да си го подигнете расположението. А штом еднаш ќе се насмеете, одеднаш како сите да ви возвраќаат со насмевка.

2. Банана

За појадок и меѓу-оброци банана. Постојат дузина истражувања за добрите страни на бананата, но ние се фокусиравме на едно од нив. Бананата содржи висок степен на магнезиум и минерали кои поттикнуваат на добро расположеие. Освен тоа, бананата дава и чувство на ситост. Сепак, без претерување. Една банана за појадок е доволна и една за меѓу-оброк, зашто оваа „среќна“ намирница содржи 70 калории во сто грама (поточно, во половина банана).

3. Лук

Освен што е сојузник на здравјето, лукот го подобрува расположението и значително ја намалува желбата за јадење. Навалате на лукот, млад, стар, во макало (направено без компир), се разбира кога не планирате да одите во театар или кино.

namirnici 222

4. Црна чоколада

Не само што содржи магнезиум и други состојки кои даваат енергија, значително го подобрува расположението. Сепак, внимавајте. Чоколадата е висококалорична намирница, а за добро расположение во денот ви се потребни само 3-4 коцки од 100-грамската чоколада (или еден ред).

5. Чили (или лути) пиперчиња

Лутите пиперчиња (чили, феферони) немаат голема енергетска вредност, па погодни се за диетална исхрана. Освен што содржат витамни Ц, многу минерали и други корисни состојки, го забрзуваат метаболизмот и делуваат на „хормонот на среќата“. Одлични се и како афродизијак. Доколку јадете од нив секојдневно (по 100 до 200 грама), килограм помалку за 10-тина дена.

x

Check Also

Користете ја технологијата за добро и научете основни допири за самопреглед на дојка

Со креирање на микросајтот www.pauzazapregled.mk, Телеком ја користи технологијата за добро како ...