Станарите во старечкиот дом во Берово градат мостови и пријателства

– Веќе шеста година сум тука, има место за рекреација. Домот е на убаво место, околината е многу убава, има место за пешачење, слободни сме, кои сме моќни да можеме да одиме, дозволено ни е, не сме за ништо спречени, вели  Натка Иванова.

Таа кога дошла за првпат во домот била многу исплашена, побарала помош од отецот Дамаскин, игумен на Лесновскиот манастир, кој и порачал да го чува својот нов дом и да гради пријателства.

За Бубевска Даница е добро што во собите се сместени по две, имаат телевизор, засебно купатило, решо, може да се другарува, да се пие кафе, да се разговара.

– Родена сум во село Илиово, работев во Фротирка, Делчево и сум пензионерка, и од таму дојдов во Берово, во старски дом. Уште два месеци, до Нова година ќе направам 3 години од кога сум тука. Домот ни е многу важен, не гледаат, овој дом за мене е фамилија, вели Јанковска Стефанка.

Вакви беа импресиите на лицата сместени во старечкиот дом во Берово.

Токму, во рамките на проектот за доградба и реконструкција на дом на стари лица во Берово како дел од развојните цели на Центарот за развој на источниот плански регион, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, координаторката од Амбасадата на Швајцарија, Мирјана Македонска како и градоначалникот на општината Звонко Пеќевски беа на увид во домот за стари лица „Д-р Иван Влашки“, раководен од директорката Бојчoвска Каламадевска, каде Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка инвестираа над 7 милиони денари, како и општината со околу 13 милиони денари.

x

Check Also

Од кои спортови ќе имате најголема полза? Huawei Watch GT 2 Pro е совршен придружник за сите!

Бурните времиња не треба да ја намалат физичката активност, туку треба да ...