Стар баварски рецепт – печено свинско месо со црно пиво

Ако сте љубител на пивото и специјалитетите, дегустирајте го печеното свинско месо на баварски начин.

За да го подготвите овој специјалитет според оригиналниот стар рецепт потребно ви е – 1 килограм свинско месо со кожа (од плешка или бут), 2 средни главици неизлупен кромид, сол и малку црн пипер, 3 чешниња лук, 2 лажици ким, жешка супа, ладно црно пиво.

Подготовка

Измијте го и исушете го месото. Истријте го со сол и црн пипер. Со остар нож избраздете ја кожата во ромбови. Наполнете го садот за печење со отприлика 2,5 см вода и во него ставете го месото со кожата надолу. Исечете го кромидот на тркалца големина 5 мм, тенко исечкајте го лукот на листови и додајте го на месото. Одозгора попркајте ги семките ким. Печете го месото во однапред загреана рерна половина час, а потоа свртете го месото со кожата нагоре. Често поливајте го гребејќи го талогот во садот и внимателно додавајќи супа. Вкупното време на печење изнесува отприлика 1 ипол час.

Кон крајот на печењето мачкајте ја кожата со пиво што ќе придонесе таа да стане крцкава.

Послужете со варен компир и кригла црно пиво.

 

x

Check Also

Домашни њоки од компири во доматен сос

Подгответе ги совршено домашните њоки. Рецептот е за 4 лица. За четири ...