Стара Нова година со џез забава и Џон. И. Апелгрeн во „Маракана“

Дочекот на Новата година по Јулијанскиот календар кај нас, а и во некои соседни земји е традиција . Познат е како Стара -Нова година, а пракса е да се празнува во кафeaна на 13 јануари. Еден поинаков дочек на Стара- Нова година, нуди ресторанот Маракана. Посетителите ќе уживаат во неверојатната  џез- забава со Џон. И. Апелгрeн.

Забавата почнува од 8 и 30 часот во сабота со исклучителна понуда на гурманска храна, бели лигњи, со пикантен зеленчук, гамбери во крема од авокадо, бејби телешко со пире од тиква и аспарагус . И специјална туна конфит со капари и калинка, сето ова залиено со најкавалитетните вина од Тиквеш. Цената е 1600 денари по лице.

резервирајте на тел 071 398 398.

x

Check Also

Стоби со традиција од 11 години како успешен македонски бренд го закрои лозјето за Св. Трифун

 Во присуство на пријателите од бизнис, политички претставници, дипломати како и личности ...