Старите Египќани, пионири на модата

Ја фаворизирале светлата облека, најчесто белата, скроена од влакна од млади билки. Биле мајстори за креации направени од лан, внимавале на фризурите, шминката, но и на накитот, а моден креатор бил човек кој се грижел облеката да биде лесна, удобна и декорирана.egipet 4 Добар дел од облеката и накитот кои се актуелни и денес, може да ги најдеме и кај старите Египѓани. Поради топлите лета ја фаворизирале белата облека, а облеката направена од животинска кожа обично ја носеле свештениците и фараоните. Во римското време вовезувале памук од Индија, додека во другата половина на милениумот почнале трговија со источниот Медитеран збогатувајќи го својот стил со свила. Уште во тие времиња на стариот Египет, позната е професијата креатор. Задача на креаторот била да создаде удибна и декорирана  облека.

egipet 3

Мажите носеле кратки сукњи, наречени килт, типични за Старото и Средното царство. Мажите од богати семејства носеле килт со набори, а подолги модели на килт биле кроени за постарите. Без разлика на општествениот статус, накитот бил задолжителен моден додаток, а прстени се носеле поради заштита од лошите духови.

egipet 2

Египѓаните пак, носеле фустани кои се држеле на две прерамки, а биле кроени така што градите ќе се гледаат. Како моден додаток, освен накитот, била многу популарна долгата, голема марама. Најчесто таа била долга 4 метри и имала набори. На нозете, богатите носеле сандали направени од кожа, а посиромашните сандалите ги правеле од палма или папирус.

egipet 5

На фризурите се обрнувало посебно внимание. Според некои податоци, Египѓаните ги бричеле главите поради жештините, а носеле и капи. Кај жените била задолжителна долгата негувана коса, најчесто со шишки. Косата често се украсувала со плетенки.

Познати се како најдобри мајстори во преработката на ленот кој се одгледувал долж долината на Нил. Ткаенините од лен биле често проѕирни. Со оглед на топлата клима, облеката немала функција како кај другиет народи да служи за заштита, туку служела единстевно како украс на телото.

egipet 1-1

Главен моден додаток секогаш бил накитот кој го обожавале. Со накитот ги кителе и косите и рацете и телото. Во Новото царство дури и постоел закон починатите да не се закопуваат без ѓердан направен од бисер, стакленца и полудраг камен.

egipet 6

Шминката е изразена и карактеристична. Се употребувал креон за очите, како и сенки за очи и кармин. Се боеле и ноктите и косата. Црвената боја за ноктите и усните била резервирана за кралиците.

x

Check Also

Хороскоп за јули 2020 година: Сатурн се враќа во Јарец, добри вести за сите земјени знаци!

Во јули планетата Сатурн ќе го напушти знакот на Водолија за да ...