“Stasija Make – up”, новиот „хајлајтер“ на македонската мејк-ап сцена

Уметноста на шминкањето е посебна уметност бидејќи се работи на најубавото платно на кое еден уметник може да слика. Движењето на мејк – ап четкичката за сликање има поинакви движења кои завршуваат во една крива линија наречена насмевка.


Сјајот во очите на една дама се истакнува со колоризирање на нејзините очни капаци, усни и јабочници. Предизвик е да се биде „мејк – ап“ уметник, предизвик е да се слика на живо платно.

Stasija – Make up е новиот „хајлајтер“ на македонската „мејк-ап“ сцена. Зад мејк-ап четкичката на Stasija – Make up „се крие“ Анастасија Гичева која со својот неверојатен сензибилитет, чувство за естетика и перфекција ја потврдува убавина кај секоја жена. Секоја дама во себе крие посебна убавина која треба да се истакне на посебен начин и е претставник на единствена и уникатна убавина која мејк-ап уметноста ја истакнува.


За секое градење и создавање треба да се создаде и добра основа, а истото значи и при шминкањето. Многу е важно најпрво да се запознае кожата на клиентката да се започне со соодветна нега и да се започне со нанесување на основата. Основата е изедначување на тенот и покривање на природните неизедначености на кожата, а сепак задржувајќи го нејзиниот природен тон.


Секој лик има своја симетрија која е специфична и препознатлива за таа личност, а кога истата со совршено контурирање ќе се истакне на најдобар начин тогаш сме подготвени за „деталите“. Очите се посебна приказна и бараат посебно посветување.


Очите ја раскажуваат приказната на секоја личност, а блесок на очите треба да се истакне. Тоа се постигнува со употреба на шминка -од силни бои и колорит до нежни земјени тонови или пастелна игра, се зависи од приликата и желбите на клиентката.


Шминкањето продолжува со последното заруменување на јаболчниците и додавање блесок познат како хајлајтер кој го дава сјајот на нашето лице со финиш на врвот на носот.

Усните се создадени да зборуваат, а црвените усни се сензуални и немаат предрасуди, додека пастелните и усните во „кожа“ боја се молчеливи и мудри. Но не е секогаш така, тоа се само неосновани толкувања на жената кога избира кармин во својата омилена нијанса. Во изборот на карминот секогаш предност има комплетниот изглед или комплетниот мејк-ап.


Мејк-ап уметноста е создадена да ја истакнува природната убавина кај секоја жена и е да докаже дека секоја жена е убава и посебна.

x

Check Also

Секси фотосесија на Емили Ратајковски за новиот парфем на Paco Rabanne

Популарната манекенка Емили Ратајковски е лице на кампањата на новиот парфем на  ...