Стефано Габана против Кјара Ферањи: Eфтина!

Свадбата на популарната модна блогерка Кјара Ферањи и фудбалерот Федез, не мора да се допадне на сите, како што и венчаницата која таа ја носеше – не мора да се допадне на сите. Но, кога критиките доаѓаат од славен моден дизајнер, каков што е Стефано Габана, тогаш и реакциите добиваат голема важност во јавноста.

Стефано Габана, од популарната креаторска двојка Долче и Габана, го искажа своето мислење за венчаницата на Кјара Ферањи. За венчаницата или за самата Ферањи? Според едни, стилистот, всушност, се потсмевал на креацијата од Диор, нарекувајќи ја ефтина, а според други зборот „ефтина“ се однесува на целиот концепт и свадба на Ферањи.

Нападот пристигна од Инстаграм, кога британското списание Базар објави фотографија на Кјара Ферањи од венчавката. Меѓу коментарите, се појавил и коментарот на славниот креатор, кој го урнал сонот на многу девојки кои сонувале за слична венчаница и свадба. Коментарот на креаторот бил напишан на аглиски „чип“. Но тука не застанал. Потоа, истиот коменар го објавил и на својот Инстаграм профил.

Оваа критика сепак, не се однесува само на Кјара туку и на Диор, марката која стои зад креацијата. Сепак, Ферањи не одговори на провокациите од креаторот.

Но не е првпат славниот италијански дизајнер да го употреби јавно зборот „ефтина“ кога се однесува до Ферањи. Можеби нешто не е во ред меѓу Кјара и Стефано Габана? А не е ни првпат јавно да го „масакрира“ изгледот на една позната личност. Во јуни, Инстаграм – коментарот од Габана за модниот изглед на Селена Гомез беше „многу грда“.

 

x

Check Also

Ангелите на Викторија сикрет ги претставуваат костимите за капење за пролет/лето 2019 (ФОТО+ВИДЕО)

Популарната марка за долна облека Викторија сикрет триумфираше со нова рекламна кампања ...