Стела Мекартни проговоре за венчаницата на Меган Маркл

Британската модна дизајнерка Стела Мекартни, која ја дизајнираше втората венчаница на Меган Маркл, проговоре за креацијата за британското издание на списанието „Ел“.

Дизајнерката раскажува дека до сега и се случило да им пријде на големи ѕвезди, како што е Мадона или Гвинет Палтроу, и да ги праша дали може да ги облече за некој важен настан, но овојпат Меган МАркл била таа која и пришла и ја прашала – дали може да ми дизајнираш венчаница.

На Маркл одамна и е позната работата на Мекартни. Таа носела и други модни парчиња од Стела Мекартни, вклучувајќи го и црното палто кое го носеше на кралскиот настан во Велс.

Црното палто со впечатлива панделка од Мекартни

„Маркл носела и други модни парчиња од мене, имаме пријателство. Ме замоли да и ја дизајнирам втората венчаница. Бев почестена и сеуште сум“, вели дизајнерката.

Мекартни во интервјуто објаснува и зошто Маркл се одлучила за нејзин дизајн. Смета дека Меган Маркл сака да ги поддржува жените во модната индустрија.

„Очигледно, јас сум британски дизајнер, но мислам дека пресудно беше тоа што сум жена, тоа што сум жена на жените“, додава Мекартни.

x

Check Also

Изглед на денот: Виолетовиот фустан на Кејт Мидлтон (сличен модел има во Marks & Spencer)

По шестмесечниот постпородилен период на пауза, кој го помина уживајќи со малиот ...