Стигнува новата верзија на култниот парфем Black Opium

Black Opium од Ив Сен Лоран, парфем по кој лудуваа бројни обожаватели, на почетокот на оваа година ќе добие своја нова верзија насловена Black Opium Eau de Parfum Intense.

Инаку, познатата куќа речиси секоја година лансира нова верзија на култниот парфем кој прв пат се појави на пазарот во 2014 година. По него следуваа парфемите Nuit Blanche 2016., Floral Shock 2017. и New Glowing Eau de Toilette 2018.

Најавено е дека парфемот ќе содржи ноти од сандаловина, ванила, јасмим, цвет од портокал и кафе. Мирисот ќе биде достапен во шишенца од 30, 50 и 90 мл.

Рекламното лице за парфемот е Зои Кравитц, на која друштво и прави синот на Синди Крафорд, Присли Гербер.

x

Check Also

Springfield ни носи парфеми инспирирани од старите касетофони

Андрес, Луј и Начо, членовите на популарниот шпански бенд Dvicio, познат по ...