Стил и Антистил топ листа во новата сезона на Стилисимо

Новата сезона на Стилисимо  ќе започне в недела во 20:20 часот на програмскиот сервис МРТ 1.

stilisimo 2

Автор и водител на емисијата е Цаци Паковска која ќе ве воведе во волшебниот свет на модата и стилот.

Емисијата Стилисимо повторно ќе има забавен и едукативен карактер и е наменета за сите љубители на модата, филмот, музиката и воопшто естетиката.

За разлика од предходните сезони, овој пат секоја последна недела во месецот Стилисимо комплетно ќе биде посветена на Стил и Антистил топ листата, односно во студиото ќе има плус три коментатори кои заедно со Цаци Паковска ќе ги прогласат најдобро и најлошо облечените јавни личности за актуелниот месец.


x

Check Also

Скопје Сити Мол стартува со Black Friday Week

Black Friday во Skopje City Mall не е само еден ден. Ниту ...