Стилист за вашиот дом

Со светли бои дадете му свежина на просторот за живеење. Тоа не мора да биде целосна промена и малите промени многу значат.

stilist 3

1. Поглед нагоре

Ако имате бели ѕидови, плафонот обојте го во боја на бело кафе или лаванда, или одберете интензивна жолта нијанса. Не само што просторот ќе изгледа поголем, туку ќе делува попријатно и поудобно.

2. Почестете ги прозорците

Ако имате бели или крем завеси, заменети ги со завеси со јаки бои. Доколку тоа ви делува екстерно (или скапо), пробајте покрај вертикалните страни на завесите да сошиете ленти со интензивни бои. Ефектот ќе биде максимален ако лентата биде од сосема различен материјал во однос на материјалот од кој е направена завесата (на пример од сатен, плиш, превртена кожа или свила).

stilist 1

3. Впечатлив впечаток

Дали сакате вашата соба да изгледа поинаку, а притоа да не треба многу да вложите? Набавете неколку табуретки и неколку перници со различна големина, кои ќе можете да ги распоредите по креветите, но и по подот. Ако се одлучите за шарени источни примероци, просторот ќе добие целосно нова димензија.

Совет плус – купете неколку миризливи свеќи.

4. Ѕид полн со спомени

Изберете ги најубавите фотографии кои сте ги сликале, потоа изработете ги во црно-бела техника во различни големини. Секоја фотографија залепете ја на картон во вашата омилен боја (тиркизна изгледа одлично). По желба можете да комбинирате и неколку бои на картони, внимавајте само и картоните да бидат со различни големини. Врамете ги картоните во црни рамки и закачете ги во ходникот или во спалната соба.

stilist 4

5. Играјте си со четките

Силните, ведри бои се во тренд оваа сезона. Внесете ги во вашиот дом на еден креативен и евтин начин. Купете две сликарски платна и одберете две јаки маслени бои. Да речеме циклама и кармин црвена боја. Обојте ги платната, потоа излакирајте ги ( можете да употребите и кал за коса) и закачете ги едно до друго или едното малку пониско од другото. Овие платна со впечатливи бои сигурно ќе го привлечат вниманието.

 

М.Р.

x

Check Also

Неделен хороскоп (9. до 15. декември): Топ знаци на неделата – Стрелец, Бик и Лав

Оваа недела планетата Меркур влегува во знакот на Стрeлец, одлични вести ги ...