Стилска есен | 3 типа хулахопки кои треба да ги имате

Есента ги отвора вратите за нови модни трендови, а вие зачекорете во неа со вистинскиот избор. Ви претставуваме три модели на хулахопки со кои можете да изгледате ултра модерно, трендовски и шик.

Предлог 1: Хулахопки како високи чорапи

Овој модел на хулахопки кои изгледаат како високи чорапи се погодни за комбинирање со кратки здолништа, фустанчиња, туники или кратки пантолони со висок струк. Ако одберете туники од плетенини, можете да ги носите во денски излегувања, а доколку одберете посвечени здолништа или есенски фустанчиња тогаш имате комплетен аутфит за вечерните забави. Можете да изберете помеѓу бои и дезени, а ние предложуваме стилски Пенти црни хулахопки со мрежести дезени, како и бордо нијанси за разиграни модни комбинации.

Предлог 2: Слатки принтови

За сите девојки кои сакаат слатки комбинации во својот аутфит. Одберете Пенти хулахопки со принт на ѕвезди, срценца, точки, светликави детали или циркончиња. Доколку принтот е на посветла боја хулахопки како на пример светло сива, сина или сл. тогаш предложуваме истите да ги носите во денски комбинации со патики или чизмички. Ако принтот е на темна боја хулахопки, како нашиот втор предлог од оваа категорија тогаш можете да ги искомбинирате за вечерните излегувања.

Предлог 3: Впечатливи дезени

Оваа есен вашиот плакар за хулахопки треба да има бар еден пар хулахопки во впечатливи дезени. Доколку сакате вашите чекори да бидат забележани – одбетете Пенти урбани и шик мотиви, линии, симетрични форми и суптилни детали. Предложуваме хулахопки во црна боја со интересни интензитети на мрежа дезени, како и хулахопки со линии кои би биле дополнети со фустанче и високи потпетици за забавата која следи овој викенд.

Трендовските комбинации одберете ги во продавниците на Пенти, Сара Фешн и Ред Стар каде има најголем избор на хулахопки во модели и големини, а следете овие брендови на социјалните медиуми фејсбук и инстаграм за сите детали.
Пенти: фејсбук и инстаграм
Сара Фешн: фејсбук и инстаграм
Ред Стар: фејсбук

x

Check Also

Поглед на празничната колекција на MANGO

Декемвриската сезона на празнични денови е пред нас, па време е да ...