Стивен Меисел направи кампањата на ZARA да изгледа скапо и луксузно

Откако Зара го ангажираше врвниот фотограф Стивен Меисел за снимање на своите главни рекламни кампањи уште во 2017 година, кампањите добиваа многу пофални критики. И овојпат не е исклучок. Меисел направи кампањата за колекцијата есен 2018, да изгледа богатата и луксузна како да станува збор за рекламна кампања на луксузна модна марка од типот на Ланвин.

За стилизацијата помогна Карл Темплер, а пред објективот на Меисел позираа моделите Феи Феи Сан, Крис Грикајт, Меган Колисон, Џулија Нобис, Каролин Волтер, Лекси Болинг и Блесна Минер, во амбиент –  соба со кадифен мебел.

 

„Не можам да верувам дека ова е реклама за Зара. Ми изгледа како да е за Ланвин“, забележуваат фановите на социјалните мрежи.

Еве уште некој од коментарите кои потврдуваат дека за една рекламна кампања на модна марка, поважен е фотографот од креациите.

„Ми недостигаат вакви богати фотографии од Меисел во списанијата“

„Апсолутно прекрасна, прекрасна кампања. Облеката изгледа неверојатно, го сакам се тоа. И внатрешноста на куќата така ми изгледа на фотографиите,  сакам да живеам таму “.

„Сите други кампањи можат да се заборават. Ова е ѕвезден кастинг, стајлинг и кампања“

„Најдобро од сезоната“.

 

x

Check Also

Поглед на есенската колекција од MANGO (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Манго за оваа есен ни носи совршени модни парчиња и модни додатоци. ...