Што прави македонското девојче во Индонезија?

Странските медиуми речиси секојдневно известуваат за своите претставнички на најголемиот избор за убавина во светот – Мис на светот 2013. Кај нас пак, освен комшиките и најблиските роднини на мисицата Кристина Спасеновска, никој не дозна ни кога замина ни со каков тим македонското девојче во Индонезија.

кристина 1

Хрватските медиуми кренаа врева околу фустанот наречен национален кој ќе го носи нивната претставничка Лана Гржетиќ на изборот на Мис на светот. Забавните рубрики на нивните медиуми речиси секојдневно известуваат за активностите на Лана на Бали, исто како и медиумите на Босна и Херцеговина кои ја бодрат нивната претставничка Санда Гутиќ. И новинарите од другите земји од поранешните ју-простори се добро запознаени со случувањата и начинот на претставување на нивните мисици кои допатуваа во Индонезија, па редовно ја информираат јавноста.

кристина 2

Македонската јавност пак не дозна ни кога ни со кого отпатува официјалната претставничка на Македонија Кристина Спасеновска на најголемиот избор за убавина во светот. Никакви информации нема за тоа кој ќе се грижи за нејзината облека, во каков фустан ќе ја претставува земјата, кој е одговорен за шминката и фризурата, кој и како ја советува, како го поминува времето на Бали, кои се првичните впечатоци кои ги остава…Небаре станува збор за приватна забава на две -три лица, а не за избор на убавина со најголема гледаност во светот каде што би требала Кристина преку себе да да ја претстави убавината на цела Македонија.

 

Од свеченото отворање на Мис на светот во Бали

Од свеченото отворање на Мис на светот во Бали

Од странските медиуми дознаваме дека девојките се, на пример, сместени во Пан Пацифик Нирвана Бали ресорт од 2 до 8 септември од каде заминуваат за Џакарта. И атмосферата на големото свечено отворање на настанот во Бали кое се случи на 8 септември имавме можност да ја почувствуваме само преку странските медиуми што јасно покажува дека со Спасеновска нема ниту едно лице одговорно за фотографирање, па макар и воопшто да не станува збор за фотограф.

otvoranje 3

otvoranje 1

Инаку, годинешниот изор за Мис на светот е посебен по рекордниот број на мисици, дури 132 девојки од исто толку земји пристигнале на изборот за да ги бранат боите на својата земја. Изборот се одржува под слоганот „Мис на светот – Фестивал на убавината и културата“, а акцентот е ставен на „убавина со причина“ – активност на изборот која се залага за собирање на финансиски средства за добротворни цели.

Фотосесија на хрватската претставничка

Фотосесија на хрватската претставничка

Финалниот избор ќе се случува на 28 септември во Џакарта, а до тогаш претставничките на земјите ќе поминат низ повеќе квалификации.

Благодарение пак на Јутјуб случајно „налетавме“ на официјалното видео-претставување на Кристина.

Што прави друго македонсково девојче во Индонезија останува непознато во недостиг на одговорно лице за информирање.

И можеби за крај прашањето од насловот треба да се корегира. Па наместо што прави,  да си го поставиме прашањето – што бара македонското девојче во Индонезија?

x

Check Also

Македонската убавица Елена Анѓеловска – втора на Мис Глоуб

Македонската мисица Елена Анѓеловска беше избрана за втора придружничка на изборот „Мис ...