Познатите модни марки со петиција: стоп за фотографиите на Тери Ричардсон!

Вог, H&M, Манго и повеќе други познати марки одлучија да стават крај на модната манија на ѕвездите да се фотографираат кај фотографот Тери Ричардсон, сметајќи дека од нив прави сексуални објекти кои остваат погрешна порака.

teri 1

Петицијата се однесува на прекинување соработка со фотографот, кој според иницијаторите на петицијата, негативно влијае на медиумите и јавноста со своите насилнички фотографии кои промовираат порнографија и непрофесионалност.

teri 2

Во низата ѕвезди кои неодамна застанаа пред објективот на Ричардсон се и Ким Кардашијан, Мајли Сајрус, Ријана, Лејди Гага и Парис Хилтон.

teri 3

Неколку славни модели пак, веќе ја одбија соработката со контроверзниот фотограф тврдејќи дека од нив барал по секоја цена да позираат голи.

„Мора да се стави крај на ова. Не треба да се игнорира ваквото однесување. Ако продолжите да го ангажирате Тери Ричардсон за модните сесии или му дозволите да биде дел од вашата рекламна кампања тоа значи дека го поддржувате неговото непрофесионалнооднесување“, се вели во петицијата.

x

Check Also

Кралски изглед на денот: Плисираната сукња на Летиција од Шпанија

Летиција од Шпанија, 49, е неприкосновена во модната естетика која инспирира. Овојпат ...