Stradivarius ни носи пролет во карирани модни парчиња

Карираните материјали продолжуваат да бидат доминантен моден тренд и за сезоната на потопли денови. Но овојпат, акцентот е на црно-белите тонови.

Во пролетната колекција, модната марка Stradivarius ни носи повеќе карирани модни парчиња, но и ни сугерира како да ги комбинираме. Според дизајнерите од Stradivarius, карираното може да се комбинира и со змијски принт, со модни парчиња во силни нијанси, како што е жолтата, но и во посмирени комбинации – со бела кошула.

Во преден план се форсираат карираните кошули кои одлично „стојат“ со фармерки и тексас сукњички. „Ин“ се и дневните, лежерни карирани фустани и карираните панталони во стилот на Брижит Бардо од 60-те години.

Во продолжение, погледнете дел од тоа што ни го нуди Stradivarius за пролет 2019.

x

Check Also

Чевли и сандали со високи потпетици од пролетната колекција на Guess

Познато е дека чевлите од Guess се синоним за женственост и сексапилност, а истите ...