„Страшниот суд“ – Моден перформанс на Златко Јовановски на Моден викенд Скопје

„После подолги размислувања, заедно со Моден викенд Скопје се договориме за моден перформанс бидејќи тоа е начинот кој одговара на претсавувањето на моите колкеции. Пеформансот вклучува и цела режија на сцената за оваа колекција, насловена „ Страшниот Суд” “, вели младиот дизајнер Златко Јовановски.

zlatko 3

Два дена не делат од почетокот на десеттото јубилејно издание на Моден викенд Скопје, настан на кој ќе ги претстават своите најнови колекции 20-на дизајнери и модни куќи од Македонија и од странство, а меѓу нив е и Златко Јовановски.

В сабота, на 25 октомври, со почеток во 20 часот во Салонот Ауди-Порше Македонија, Јовановски ќе ги престави своите 15 нови модели преку перфомансот „Страшниот суд“.

zlatko 1

„ Во првиот дел ќе доминираат повеселите бои во комбинација со таканаречената пудра- боја, а детаљите и везовите ќе бидат од студениот спектар на бои. Следниот дел ќе го красат црни долги тоалети, а на крајот ќе бидат претставени бели коктел – фустани и неколку венчаници.  Особено за венчаниците сум возбуден, бидејќи ова ќе биде прв пат да претставам венчаници на ревија“, објаснува Златко.

Во изработката на моделите од најновата колекција на Златко Јовановски доминираат тантелата и свилата, но и чојата и декоративнте топли платна кои, како што вели, му помогнале за реализирање на палтата.Тука се и неизбежните апликации,бисери,монисти рачно нашивани, она по што е веќе препознатлива марката „JZJ“.

zlatko 2

„Колекцијата е наменета за жени кои имаат свој став, дами кои доминираат секаде каде што ќе стапнат нивните потпетици, и госпоѓи кои се разликуваат од останатите.Секако дека само храбрите можат да носат потпишано парче облека од „JZJ Couture”, и кога тоа го носат некако им дава огромна самодоверба и моќ“, вели Јовановски.

За инспирација на темата и идејата за новата колекција која ќе ја претстави му послужило делото на Микеланџело „Страшниот суд“, па оттука и перформансот го носи истото име. Сепак, Јовановски додава:

„Како и за секоја модна ревија, така и за оваа, појдов од себе, гледајќи се во огледало, тоа е инспирација и мотивација која никогаш не престанува, туку се повеќе расте“.

x

Check Also

Чоловиќ Лешоска: Репрогласувањето на НП Маврово е клучно за опстанокот на Балканскиот рис

Балканскиот рис е критично загрозен затоа под итно треба да се преземат ...