Супер десерт наместо сладолед: Замрзнат јогурт

Овој вкусен и лесен десерт се подготвува брзо и едноставно.

Се што ви е потребно е јогурт, засладувач (може и мед) и сезонско овошје по желба.

Доколку сакате покремаста структура, може во јогуртот да додадете и смрзната банана. Одличен вкус ќе дадат малините, боровинките и праските.

Сите состојки треба само заедно добро да ги измиксате во блендер и потоа, смесата да ја ставите во замрзнувач. Замрзнатиот јогурт може да го послужите по желба, со декорација од овошје, во чашка или во корнет.

x

Check Also

Превкусни палачинки од тиква

Дегустирајте ги овие слатки палачинки направени од кралицата на есента – тиквата. ...