Супер појадок: Пица мафини

Мафини со вкус на пица, вистинко гастрономско задоволство во студените денови.

Потребни намирници – маслиново масло, половина килограм тесто за пица, половина чаша помешан кечап со пасирани домати, 1 филџан изрендана моцарела, половина чаша сечкани шампињони, половина филџан изрендан кашкавал по избор (гауда, чедар, ементалер), 40-50 грама сечкани маслинки, зачини – босилек и оригано, сол.

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Премачкајте ги калапчињата за мафини. Исечето го тестото на парчиња на тој начин што секое парче ќе го покрие калапот за мафин, но и да излегува 1 см тесто од калапот (тој дел ќе биде за да се притисне содржината).

Врз секое парче тесто ставете лажица моцарела, лажица сос помешан со зачините (кечап и домати), малку шампињони, вториот кашкавал по избор, малку од сечканите маслинки, и на крајот притиснете го надворешниот дел од тестото врз содржината. Печете 12 до 15 минути

x

Check Also

Панфорте, прекрасни колачиња по италијански рецепт

Прекрасен италијански посен колач кој дава свечена нота на трпезата. Потребни намирници ...