Супер рецепти со супер лебови: Автентични италијански брускети, Протеински појадок со путер од кикирики, Брза ужина со варено јајце

 

Во супер жешките летни денови речиси секој е во потрага по нешто супер лесно и супер вкусно за било кој оброк во текот на денот. Последната линија на лебови од Жито Лукс, наречена супер лебови, е идеална за подготовка на лесни и вкусни јадења, кои истовремено ќе бидат и хранливи поради нутритивните вредности на овие лебови.

Линијата супер лебови има 3 производи, интегрален леб со супер семки – чија и тиква, интегрален леб со супер житарки – овес и спелта и интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант. Овие лебови ја заслужуваат титулата „супер“ поради одличната хранлива вредност, состав и вкус. Супер лебовите не содржат бои, конзерванси, додадени шеќери и палмина маст, а изобилуваат со состојки кои важат за „супер храна“. Направени се исклучиво од цели зрна жито и од  природни и здрави  состојки кои се минимално обработени.

Идеи за супер брзи и лесни оброци со супер леб од „Жито Лукс“:

Автентични италијански брускети

 Потребни состојки:

  • Жито Лукс интегрален леб со супер зрна – хељда и амарант
  • 2 зрели домати
  • неколку листови свеж босилек
  • 3 лажици ладно цедено маслиново масло
  • половина лажичка суво оригано
  • 1 лажица балсамиран оцет
  • едно чешне лук
  • сол

Исечкајте ги доматите на мали коцки, ситно исечкајте го босилекот и во сад соединете ги со суво оригано, сол, оцет и со една ипол лажица маслиново масло. Парчињата леб потпечете ги и истријте ги со исечено чешнето лук. Потоа премачкајте ги со маслиново масло и распоредете богат рамномерен слој од смесата со домати врз сѐ уште топлите лепчиња. Buon appetito!

Протеински појадок со путер од кикирики

 Потребни состојки:

  • Жито Лукс интегрален леб со супер семки – чија и тиква
  • путер од кикирики
  • банана
  • јаболко
  • мелени ореви
  • цимет

Намачкајте ги парчињата леб со подебел слој путер од кикирики. Исечкајте го овошјето на тенки парчиња и наредете го врз лепчињата. Врз парчињата со банана ставете од мелените ореви, а врз јаболките наросете цимет. Супер појадок за супер почеток на денот!

Брза ужина со варено јајце

 Потребни состојки:

  • Жито Лукс интегрален леб со супер житарки – овес и спелта
  • 2 варени јајца
  • крем сирење
  • рукола
  • црно семе

Намачкајте го лебот со крем сирење и ставете врз него неколку листови рукола. Исечкајте го јајцето на тенки полукругови и наредете ги врз руколата. Наросете со црно семе и уживајте во уникатниот вкус!

x

Check Also

Пилешко капрезе, плени со вкусот и комбинацијата

Нискокалоричен ручек кој плени со вкусот и комбинацијата. Намирници – 500 грама ...