киви и ленено семе

Суперхрана која треба да ја јадете и суперкоктели кои треба да ги пиете за силен имунитет

Колку пати сте си дале ветување дека ќе се „фрлите“ на здрав живот? Доколку ви е грижа за доброто здравје (а кому не му е?!), проверете ги најголемите трендови на суперхрана кои нутриционистите ги препорачуваат. И секако, пробајте ги овие рецепти.

Куркума

Куркумата останува и годинава високо на листата на суперхрана, рангирајќи ја меѓу топ 5. Во моментов нејзините бенефиции се најистражувани, а нејзините предности најшироко прифатени. Нутриционистите препорачуваат да ја внесете куркумата во секојдневната исхрана. Не само што е докажана како борец против болките во зглобовите, па дури и против артритисот, туку денес е докажано нејзиното дејство против дијабетесот и во борбата против Алцхајмеровата болест.

Без разлика дали сте спортист, активна личност со преполн распоред или сте едноставно во потрага по начин да му дадете енергичност на телото, куркумата треба дефинитивно да биде вашиот избор број 1 на суперхарана.

Коктел од куркума и ѓумбир

Коктел од куркума и ѓумбир

Заедно во комбинација куркумата и ѓумирот се вистинска енергетска бомба против заморот, а имаат и моќни анти-воспалителни својства. Дополнително го штитат имунолошкиот и нервниот систем, како и мускулите и зглобовите. Најдобар начин да се добие целосна полза од куркумата е да ја комбинирате со здрави масти (со Омега-3 и Омега-6 масни киселини).

За да го подготвите овој исклучително здрав коктел, исцедете еден поголем портокал, додадете половина лажичка ѓумбир и лажичка куркума. Убаво измешајте и испијте го после појадок кој е на база на протеини и здрави масти.

Мака 

Мака е корен кој потекнува од Перу, а може да се најде во продажба достапен во форма на прашок. Се препорачува како супермоќна храна за хормонален биланс, го снабдува организмот со неверојатна енергија, но се препорачува и за зголемување на плодноста и како природен афродизијак. Меѓу потврдените позитивни својства се и лекување на депресија и анксиозност, а го забавува и процесот на стареење.

Конзумирајте ја секојдневно во утринско смути, додавајќи една мала лажичка мака. За да го извлечете максимумот од неа, комбинирајте ја со авокадо (омега 3).

Коктел од мака, какао и авокадо

Коктел од мака, какао и авокадо

Направете какао и во него додадете лажичка цимет, лажичка мака, една банана и половина авокадо. Цимететот и какаото се познати анти-инфламатори, и одлично се борат против акните и флеките, па оттука се и совршени намирници за совршен тен. Здравите масти пак ќе ги добиете од авокадото, а магнезиум од бананата. Доколку сакате, додадете и малку блитва во коктелот, за дополнителен витамин К, и имате пред вас вистинки здрав појадок.

Ленено семе

И лененото семе повторно годинава се најде во топ 5 здрави намирници. Не само што лененото семе се покажа во успешното намалување на холестеролот и крвниот притисок, исто така содржи голема количина на антиоксиданти. Ваквите антиоксиданти, кои со години научно се истражуваа, докажано делуваат во борба против ракот, но и во урамнотеженоста на хормоните.

За оние пак кои сакаат да загубат килограми на природен начин, лененото семе е совршено на долгорочен период. Како да го конумирате? Наутро по една голема лажица во овесната каша, или пак со житарки и јогурт.

Коктел од киви и ленено семе

Коктел од киви и ленено семе

Коктелот се препорачува за одлично варење на храната, за подобрена функција на имунолошкиот систем и за ефикасно слабеење. Направете зелен чај ( често се користи како природен стабилизатор на расположението) и во него додадете три цедени кивија (изобилство на витамин Ц), една крушка, малку свежно нане (нането е совршено за смирување) и лажица ленено семе. И пред вас имате коктел кој цел ден ќе ве држи во одлично расположение.

Лукума

Ова суперовошје со вкус сличен на јаворовиот сируп и слаткиот компир е симбол за долговечност и плодност. Потекнува од Перу, а позната е како „златото на Инките“. Оние кои одлучиле да го исфрлат од исхраната шеќерот, еве го најздравиот начин за замена.

Освен што содржи растителни влакна, лукумата содржи и железо, бета-каротен и цинк, а се покажа како совршен придонесувач во заздравувањето на раните и регенерацијата на кожата.

Коктел од банана и лукума

Коктел од банана и лукума

Изблендирајте една банана и едно сезонско овошје по ваша желба, заедно со еден морков и во коктелот додадете лукума и оревчиња (лешници, бадеми). Ќе добиете енергетска бомба која освен што ќе ве наполни со потребна енергија за активен ден, ќе ви овозможи и подмладен изглед и нежна кожа.

Семе од коноп

Познато е како  „совршен протеин“, ги содржи сите 20 аминокиселини и уште девет есенцијални аминокиселини неопходни за правилно да функционира организмот. Семето од коноп содржи и омега-3 масни киселини (корисни за здравјето на срцето) и Омега-6 масни киселини кои се поврзани со повеќе избалансирани хормони.

Покрај тоа, овие мали, без вкус семиња содржат растителни влакна, железо и магнезиум. Ако сте во потрага по најдобар начин за да додадете протеини, здрави масти и влакна во вашиот утрински здрав пијалак, додадете лажица семе од коноп.

Коктел од семе од коноп

Коктел од семе од коноп

Потребно ви е 1 филџан семе од коноп, 3 чаши вода, половина лажичка морска сол, 1 лажичка екстракт од ванила и 6 умри. Во блендер стваете го прво семето од коноп, солта и водата и миксајте една минута. Потоа додадете ги урмите и ванилата па мискајте уште малку додека сите состојки убаво се соединат. Добиеното „млеко“ од коноп претурете го во шише и конузмирајте од него два до најмногу три дена (толку може да стои свежо во фрижидерот).

 

x

Check Also

Вакцина против корона: Кога ќе ја имаме?

Секој ден пристигнуваат нови податоци за научни лаборатории кои забрзано работат на ...