Суперјахтата Улиците на Монако: Најлуксузен начин да се ужива во Формула 1

Познатите и богатите кои секоја година се собираат во Монако за Ф1 натпреварот наскоро би можеле да уживаат на новата суперјахта наречена Улиците на Монако.

jahta 1

Станува збор за реплика на најпрепознатливите знаменитости на Монако кои се сместени на самата јахта. Меѓу нив се и Ф1 патеката, Хотелот Ду Пари и пристаништето.

jahta 3

На суперјахтата има и хелиодром, минијатурна подморница, помали јахти и неколку базени. Репликата пак на патеката Ф1 ќе  им овозможи на богатите гости да се натпреваруваат околу јахтата имитирајќи ги возачите на Ф1.

jahta 2

Раскошните соби можат да соберат 16 гости и 70  членови на екипажот.

За изградба на овој екстравагантен „град“ на вода ќе требаат околу 400 милиони долари.

x

Check Also

Тејлор Хил и сестра ѝ позираат во новогодишната кампања на Polo Ralph Lauren

Моделката и ангел на Викторија сикрет е една од лицата на празничната ...