Суперколичка за модерни родители (и бебиња)

Со количката за бебиња Шкода Мега Мен можете да трчате по планини, да ја „возите“ на песок и на трева и заедно со новиот член на семејството да уживате во природата и спортските активности.

skoda-pram-4-600x450

Таканаречените беби-џогери (колички за бебиња со големи тркала кои можат да се движат без проблем секаде) се мали „деца“ за новиот изум на автомобилската марка Шкода.

skoda-pram-3-600x450

skoda-pram-2-600x450

Водејќи се според истражувањата дека дури 33 отсто од татковците се срамат да туркаат обична количка за бебиња, но и според тоа дека своите бебиња со количка во просек ги шетаат еднаш неделно, автомобилската компанија Шкода лансираше прототип на современ модел на количка која гарантира забава, овозможува спортски активности, лесно пренесување по скали, тротоари и слични препреки на кои „заглавува“ вообичаената количка за бебиња.

skoda-pram-5-600x450

За жал, Шкода Мега Мен сеуште не е пуштена во продажба, а станува збор за нејзино прво тестирање, но на пазарот се очекува наскоро. Ќе чини околу 13.000 долари.

skoda-pram-6-600x450

 

 

x

Check Also

Улична мода: Нови модни изгледи од Њујоршката модна недела

Њујорчанки ги покажаа своите стилови, дотерани на улиците, за време на Модната ...