Суперлуксузен хотел на Тибет

Дека Тибет одамна веќе не е оној Тибет, непристапниот центар на духовноста, туку се повеќе станува една многу барана и посетувана туристичка атракција, потврдува и овој суперлуксузен хотел во Ласа.

T444

Бројните туристи кои пристигнуваат на Тибет веќе добиваат и можност за престој во луксузен хотел, лоциран во главниот град на Тибет, Ласа. Хотелот Сент Реџис Ласа Ресорт има пет ѕвездички, 289 соби и 17 огромни апартмани.

T333

Енетриерот е модерен, но содржи и традиционални тибетански декорации, а во лобито се наоѓа впечатливиот лустер висок 6,5 метри направен од 61.000 парчиња кристал и црена ткаенина.

T111

Гостите во хотелот се пречекуваат на традиционален тибетански начин, со коктел од тибетанска храна и пијалок, а околу вратот им се става белиот шал кој е знак на највисоко почитување.

T666

T222

Собите имаат поглед на прочуената палата Потала, а хотелот располага и со медицински спа центар, оксиген-просторија (со воздух како да сте на море), се разбира и сите други пропратни третмани и удобности карактеристични за еден суперлуксузен хотел.

x

Check Also

Samsung го претстави најновиот член на Galaxy A фамилијата – моделот A31

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го претстави Galaxy A31, смарт телефон кој доаѓа ...