јутјуб

Супермен каков што никогаш не сме го виделе: активист и бисексуалец!

Презентиран од DC Comics, Џонатан Кент, син на Кларк Кент и Лоис Лејн, е целосно обновен суперхерој кој е во чекор со времето.

„Отсекогаш сум велел дека секој има потреба од херои и секој заслужува да се огледа себеси во своите херои, и затоа јас сум многу благодарен што DC и Warner Bros ја споделуваат оваа идеја. Симболот Супермен отсекогаш бил синоним за надеж, вистина и правда. Денес тој симбол претставува нешто повеќе. Денес, повеќе луѓе можат да се идентификуваат себеси во најмоќниот суперхерој од стриповите“, рече Том Тејлор, автор на новиот стрип, во неодамна даденото интервју. „Идејата за замена на Кларк Кент со уште еден херој изгледаше како пропуштена шанса. Новиот Супермен мораше да знае како да се соочи со нови непријатели, проблеми во реалниот свет, и да ги победи како суперхерој“.

Синот на Кларк, Џонатан Кент, неодамна ја презеде „функцијата“ на својот славен татко, откако заедно со него се бореше против криминалот. Џонатан се покажа како навистина револуционерен Супермен: се бори со пожари предизвикани од климатските промени, ги спречува пукањата во училиштата, протестира против депортацијата на бегалците… Што е најважно, започна романтична врска со својот пријател.

Во следниот број на авторот Том Тејлор, кој треба да излезе во ноември, протагонистот Џонатан (односно новиот Супермен) ќе започне посебна романтична врска со новинарот по име Џеј Накамуа, а со тоа ќе биде и прикажан на на страниците на стрипот првиот хомосексуален бакнеж на суперхеројот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Taylor (@tomtaylormade)

x

Check Also

Рамадани и Вандески земаа учество на ЕП во Талин

Сенад Рамадани и Леонид Вандески земаа учество на континенталното натпреварување до 23 ...