Супермодели во новата кампања на MANGO

Популарната модна куќа MANGO продолжува со ангажирање на супермодели во своите рекламни кампањи за новите колекции. Така, за есенската колекција пред објективот на прочуениот Марио Тестино позираат супермоделите Амбер Валета, Фреја Беа и Ана Еверс.

„Тестино и јас сме соработувале на многу проекти, но ова е прв на кој ме натера да заиграм“, објаснува Валета.

Ана Еверс пак, изрази воодушевување од новата колекција на МАНГО велејќи дека и со допаѓа флуидноста на машката и женската линија кои се спојуваат во една стилска целина.

Во продолжение, погледнете дел од есенската колекција на Манго.

x

Check Also

Фолтин на минусни температури ја собра Битола на Зимска приказна

Синоќа во Битола со големиот концерт на Фолтин започна “Зимска приказна” проект ...