Љубителите на модата сигурно слушнале за прекрасните модели Ања Рубик и Едита Вилкевичиут, а оние кои не чуле – ќе слушнат.
Во октомвриското издание на парискиот Вог двете манекенки се претставени во страсна врска. Но, подоцна се вклучува и трет човек. Страсниот триаголник е инспириран од фотографската приказна на Хелмут Њутн „Француска ривиера“.
Овојпат за приказната е одговорен Марио Тестино.
Меѓу страста на Ања и Едита се провлекуваат парчиња облека од новите колекции на Џорџо Армани, Салваторе Ферагамо, Шанел, Долче и Габана, Емануел Унгаро и Селин.